ЌЕ СЕ ЗБРАТИМУВА СО НЕГАТОР НА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА?! Знае ли сестра Данела кој е брат Станивуковиќ?

Остри критики на порталот Република на дружбата на градоначалничката на Скопје со градоначалникот на Бања Лука.

4,722

„Данела не е дома, туку на АТП-турнирот Српска опен во Бања Лука“.

Ова го објави порталот Република, во критичката белешка за посетата на скопската градоначалничка Данела Арсовска на градот Бања Лука.






Арсовска официјално соопшти дека на покана на градоначалникот на Бања Лукa, Драшко Станивуковиќ, се одржал официјална работна средба, на која се разговарало на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и за отпочнување конкретна соработка. Била покрената и иницијатива за збратимување на двата града.

Официјалната средба Станивуковиќ – Арсовска

 

Но, порталот Република потсетува дека Драшко Станивуковиќ „повеќе е познат по скандалите отколку по проектите“.

Триесетгодишниот политичар живее во палата како од филмовите, во која, како што пишуваат таблоидите, одвај чека да се всели српската турбо-фолк пејачка Тања Савиќ.

Палатата на 30-годишниот Драшко Станивуковиќ

 

Република потсетува дека Станивуковиќ Црногорците ги нарекол измислен народ, а во БиХ го нарекуваат „четник“, „негатор на геноцидот“ и „полош националист од Додик“. Тој не дозволи да се организира геј-парада во Бања Лука, со образложение дека е Србин и православен, како и дека „геј парадата не е во духот на нацијата на која ѝ припаѓа“.

Поврзани содржини