ЌЕ СЕ ЗАРАЗУВАМЕ СЀ ДОДЕКА ИМА НЕВАКЦИНИРАНИ Српски епидемиолог смета дека е време за задолжителна вакцинација
Ако не биде вакцинирано 60 отсто од вкупното население, тогаш ќе се најдеме во ситуација вирусот постојано да биде присутен помеѓу незаштитените, а тоа значи дека вирусот ќе мутира и ќе создава нови соеви кои ќе ги напаѓаат и вакцинираните, вели српскиот епидемиолог д-р Бранислав Тиодоровиќ.
Членот на српскиот Кризен штаб, д-р Бранислав Тиодоровиќ, смета дека зголемената бројка на вакцинирани луѓе против ковид-19 би ѝ овозможила на Србија до Нова година да биде „слободна“ кога станува збор за мерките против коронавирусот.
Епидемиологот тврди дека Србија треба да се огледа на високоразвиените земји во Европа кои постигнале висок процент на вакцинирани, бидејќи, како што вели, сè додека постои материјал за горење, пожарот ќе гори. Ако не се зголеми бројката на вакцинирани, додава докторот, тогаш Србија постојано ќе се соочува со новозаразени и со хоспитализирани пациенти.
Како да се дојде до 80 отсто вакцинирано население? Во овој момент, единствениот излез ми се чини преку воведување задолжителна вакцинација.
– Ако не биде вакцинирано 60 отсто од вкупното население, тогаш ќе се најдеме во ситуација вирусот постојано да биде присутен помеѓу незаштитените, а тоа значи дека вирусот ќе мутира и ќе создава нови соеви кои ќе ги напаѓаат и вакцинираните. Додека има материјал за горење, пожарот ќе биде активен. Сите ќе се заразуваме сè додека имаме невакцинирани луѓе – вели епидемиологот д-р Тиодоровиќ.
Тој вели дека целта е да се вакцинира 80 отсто од вкупното население, но со ова темпо тој процент нема никогаш да се постигне.
– Целта е да имаме 80 осто вакцинирано население. Вакцината е единственото решение, а земјите со над 80 отсто вакцинирани граѓани веќе успеаја да се отворат, да ги симнат заштитните маски, а ние со ваквата динамика не можеме да постигнеме такво нешто. Идеално би било тоа да го сториме во октомври, па за Нова година и за Божик да бидеме слободни – објаснува д-р Тиодоровиќ.
Според него, единственото решение е масовна вакцинација и воведување задолжителна вакцинација за одредена група на луѓе.
– Како да се дојде до 80 отсто вакцинирано население? Во овој момент, единствениот излез ми се чини преку воведување задолжителна вакцинација. Доаѓаме во ситуација да воведеме задолжителна вакцинација како и многу други европски земји. Тоа ќе важи за медицинскиот персонал, за образовниот кадар, за сите јавни служби, како и за сите вработени во банки, пошти и сите организации каде што циркулира поголем број на луѓе. Меѓутоа, засега таква одлука не е донесена. Но, едно ќе ви кажам, сега имате само еден избор – да се вакцинирате и да бидете безбедни, или, пак, да завршите на респиратор – заклучува епидемиологот.