ЌЕ СЕ ЗАРАБОТУВА И ОД ВОДЕЊЕ ГРУПА НА ФЕЈСБУК Администраторите ќе се офајдат од реклами и од месечни претплати

Првите два методи на монетизација се веќе познати и се користат онлајн. Станува збор за е-продавници за продажба на стоки и второ, можноста да собирате средства за финансирање на одредени проекти. Нова опција за монетизација ќе бидат платените подгрупи. Подгрупите се помали групирања во групата, каде што корисниците ќе плаќаат месечна претплата за да ја користат содржината.

379

Дали водите група на Фејсбук? Наскоро ќе можете да заработите пари од тоа. Фејсбук планира да овозможи заработка од уште една своја услуга, а тоа се групите, пишува Б92. Социјалната мрежа тестира нови алатки кои ќе им овозможат на администраторите на групите да заработат пари. Тоа ќе биде возможно преку нови функции за купување, собирање средства и претплата.

Фејсбук посочува дека на овој начин креаторите на групите ќе имаат начин да ги направат одржливи своите групи и целите заедници на луѓе кои стојат зад групата.






фото: pixabay.com

Првите два методи на монетизација се веќе познати и се користат онлајн. Станува збор за е-продавници за продажба на стоки и второ, можноста да собирате средства за финансирање на одредени проекти.

Нова опција за монетизација се платените подгрупи. Подгрупите се помали групирања во групата, каде што корисниците ќе плаќаат месечна претплата за да можат да ја користат содржината.

Од Фејсбук очекуваат дека нема да им требаат методи за монетизација на сите групи, но создаден е систем кој дополнително ќе ги поврзува корисниците и ќе биде помогнат од алатките кои компанијата ќе ги обезбеди.

Ова е уште еден потег на Фејсбук и Мета да „копаат“ подлабоко во метаверзумот. Не е тешко да се замисли дека во иднина денешните групи на Фејсбук би можеле да бидат дел од виртуелниот простор во метаверзумот.

Поврзани содржини