ЌЕ СЕ ЗАПАЛЕШЕ ЗГРАДА Горел мебел пред контејнери во Тетово

259

Тетовските пожарникари попладнево пред 18 часот интервенираа на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата Страшо Пинџур кај трговскиот комплекс „Ловец”. Од тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го угаснат пожарот.

– Имаше оставен кревет и елементи од кујна и друг вид мебел. Пред 18 часот некаде се појави пожар, најверојатно намерно ги запалија остатоците од мебелот.  Во еден момент огнот беше толку силен што го зафати и контејнерот и ѕидот од зградата. Можеше да биде уште поопасен пожар, насекаде тука има кабли и инсталациии. Среќа интервенираа пожарникарите – сведочеа станарите од зградата.






За пожарот била повикана и полицијата за да изврши увид на самото место.

Поврзани содржини