Ќе се замрзнат цените и на лимоните, портокалите и други прехранбени производи

Министерот за економија ќе предложи на попладневната седница да се замрзнат цените и на лимоните и порокалите

544

Владата  попладне ќе ги замрзне цените и на дополнителни  продукти, покрај на основните прехранбени за кои од пред три дена е забрането зголемување на цената.  Со одлуката ќе бидат опфатени лимони, портокали и други проозводи, откако имаше поплаки од граѓаните дека се значително поскапени откако настана кризата со коронавирусот, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

-На седница на Владата вечерва ќе предложам нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки и продукти каде ќе бидат вклучени и продуктите, како лимонот и портокалот – речеза тој.






Претходно, со одлуката на Владата беа замрзнати цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства. Тие се замрзнуваат на состојбата на која тие биле на денот кога коронавирусот беше прогласен за пандемија од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Отстапка од  тоа ќе се прави само за производите за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

 

Поврзани содржини