ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО УПОТРЕБА ИЛИ ЌЕ СЕ ПОПРАВА? Арсовска повика да не се крева паника околу мостот „Беласица“
Град Скопје апелира до јавноста, медиумите и „оние кои сакаат да се нарекуваат експерти“ да не предизвикуваат паника во јавноста со, како што велат, паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања во врска со судбината на мостот „Беласица“.
„Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот ‘Беласица’ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување. Во моментот мостот е затворен како превентива, сѐ додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти, како и неименувани ‘извори’ да се предизвикува паника кај граѓаните“, се наведува во реакцијата на Градот.
Оттаму додаваат дека мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба.
„Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата“, додаваат од Градот.
МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН НАЈМАЛКУ ГОДИНА ИПОЛ Процена на деканот на градежен факултет