ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ ПОГБА ВО ЈУВЕНТУС? Опциите се отворени, од Манчестер заминува во јуни
На Пол Погба во јуни му истекува договорот, така што ќе седнеме да разговараме со Манчестер Јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Јувентус? Пол сè уште го сака Торино. Да, постои шанса Погба да се врати во Јувентус, но тоа ќе зависи и од плановите на Јувентус, изјави менаџерот Рајола за „Раи Спорт“.
Не е исклучена можноста Пол Погба на крајот од оваа сезона да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Јувентус, најави денеска менаџерот на францускиот репрезентативец, Мино Рајола.
Тој во изјава за италијанските медиуми рече дека за такво сценарио интерес ќе треба да покаже и Јувентус.
– На Пол Погба во јуни му истекува договорот, така што ќе седнеме да разговараме со Манчестер Јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Јувентус? Пол сè уште го сака Торино. Да, постои шанса Погба да се врати во Јувентус, но тоа ќе зависи и од плановите на Јувентус – изјави Рајола за „Раи Спорт“.
Погба (28) настапуваше за Јувентус од 2012 до 2016 година кога премина во Манчестер Јунајтед, клубот во кој во 2011 година ја започна својата кариера.