ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ И ВО КАРПОШ „Градски паркинг“ ќе ја организара наплатата
За користење на јавните паркиралишта и јавните површини за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг“ ќе плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје и ќе поднесува полугодишни извештаи.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање на територија на општина Карпош, одлучија советниците на денешната седница.
Во таа насока, јавното претпријатие ќе преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи ги обележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.