ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦА И МЛАДИ ОД 3 ДО 18 ГОДИНИ Во Венецуела имунизирани само 12 отсто граѓани

Од октомври ќе ја вакцинираме популацијата на децата и на младите во Венецуела од 3 до 18 години. Ќе имаме вакцини за сите деца, адолесцентите и за младите во Венецуела, изјавил венецуелскиот претседател Мадуро за државната телевизија.

274

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјавил дека од октомври таму ќе почне вакцинација на деца и млади до 18 години, додека помалку од 12 отсто од населението е вакцинирано против коронавирусот.

Од октомври ќе ја вакцинираме популацијата на децата и на младите во Венецуела од 3 до 18 години. Ќе имаме вакцини за сите деца, адолесцентите и за младите во Венецуела – изјавил Мадуро за државната телевизија.






Тамошната влада не дава редовно податоци за вакцинацијата.

Според Панамериканската здравствена организација (ПАХО), 3,3 милиони луѓе (11,62 отсто) примиле две дози на вакцина кои се аплицираат во Венецуела, а тоа се руската Спутник V и кинеската Синофарм.

Речиси 6 милиони луѓе ја примиле првата доза.

Според официјалните податоци, во Венецуела со коронавирусот се заразени 334.343 лица од кои 4.019 починале.

Поврзани содржини