ЌЕ СЕ УРЕДАТ ПЛАТИТЕ И УНАПРЕДУВАЊЕТО ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Минчев го најави вториот пакет реформски закони за администрацијата

Во вториот пакет на реформски закони за јавната адинистрација се законот за систем на плати, законот за високо раководната служба и законот за организацијата и работата на органите на државната управа, информираат од кабинетот на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

410

Во вториот оакет реформски закони во врска со јавната администрација ќе се уредат платите на административците.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, кому му ги најавил законите од вториот пакет на реформски закони. Тоа се предлог-законот за систем на плати, предлог-законот за високо раководната служба и законот за организацијата и работата на органите на државната управа (ЗОРОДУ).






Министерот Минчев го информираше амбасадорот Рокас дека со новиот пакет на реформски закони ќе се надгради и ќе заокружи процесот на стратешка трансформација на јавната администрација, соопштија од неговиот кабинет.

„Средбата беше фокусирана и на значењето на неодамна усвоените 4 клучни реформски закони – Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници и Законот за инспекцискиот надзор, како основа за изградба на праведна, професионална и департизирана јавна администрација. Беа истакнати следните чекори за нивна доследна и ефикасна имплементација, преку транспарентен процес и со силен политички и институционален ангажман“, соопштија од кабинетот на министерот Минчев .

Од страна на Амбасадорот Рокас, се додава во соопштението, беше поздравено донесувањето на  законите како позитивен и охрабрувачки сигнал за посветеноста на државата кон европските стандарди во јавната администрација. Воедно, беше изразена поддршката и за новиот реформски циклус, со јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација, во духот на принципите на добро управување.

„Министерството за јавна администрација и Делегацијата на ЕУ ја потврдија заедничката заложба за континуирана соработка во насока на одржливи и системски реформи кои ќе овозможат ефикасна, отчетна и граѓански ориентирана јавна администрација“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини