ЌЕ СЕ УНИШТИ МЕСОТО ОД КЛАНИЦАТА ВО ЗООЛОШКА Не се знае дали закланите коњи биле здрави

Во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла.

601

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина во Скопје, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите објавија дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо се користело за исхрана на дивите животни. Со контролата, утврдено е дека во кланицата со комора во Зоолошката градина, која не е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење.

Во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла.






За сторените прекршоци, против Зоолошката градина и одговорното лице во него, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече соодветни казни согласно Законот за ветеринарно јавно здравство, Законот за безбедност на храна, Законот за заштита и благосостојба на животните и Законот за идентификација и регистрација на животните.

Поврзани содржини