📷 ЌЕ СЕ СНИМА СЕРИЈА „ХАРИ ПОТЕР“ Погледнете како ќе изгледаат новите Хермиона, Рон и Хари

Обожавателите се со поделени мислења. Мнозина се скептични дека серијата ќе биде исто толку добра како и филмовите. Некои уште сега велат оти нема да гледаат... Но, има и доста кои се задоволни од новото трио.

321

Продукциската куќа „Ејч-би-о“ (HBO) официјално го претстави водечкото трио во новата ТВ-серија „Хари Потер“. За „Потерхед“, писателката која е авторка на приказната – Џоун К. Роулинг изјави дека е презадоволна од изборот.

– Сите тројца се прекрасни. Не можам да бидам посреќн – изјави Џ.К. Роулинг.






Имено, Доминик Меклафлин ќе го глуми насловниот лик, Арабела Стентон – интелигентната и храбра Хермиона Грејнџер, а Аластер Стаут ќе ја игра култната улога на Рон Визли – верниот најдобар другар на Хари, објави „ТМЗ“ (TMZ).

Обожавателите се со поделени мислења. Мнозина се скептични дека серијата ќе биде исто толку добра како и филмовите. Некои уште сега велат оти нема да гледаат… Но, има и доста кои се задоволни од новото трио.

Снимањето на ТВ-серијата треба да почне ова лето. Планирана е како адаптација на книгите, при што секоја сезона ќе опфаќа по еден роман од серијалот.

Поврзани содржини