ЌЕ СЕ РЕШАВА СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НА КЛИНИЧКИ Владата бара партнер за изградба на катни монтажни гаражи

Формирана комисија за спроведување на постапка за изградба на катни монтажни гаражи во Клинички по пат на јавно приватно партнерство.

387

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 13-тата седница, на која се донесени повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за спроведување на постапката за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со што ќе се решава сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар.

Како што информираат од владината прес-служба, Владата усвои информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Поврзани содржини