ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ДЕТСКИОТ ОДДЕЛ ВО БОЛНИЦАТА „СВ. ЕРАЗМО“ „Клубот на амбасадори“ на Македонија2025 донираше 538.000 денари
„Клубот на амбасадори“ на Македонија2025 донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на инфраструктурата и создавање услови за поквалитетна здравствена грижа.
– Нашата цел е да поддржиме проекти кои го подобруваат животот на граѓаните и оставаме трајно влијание врз заедницата. Оваа донација е знак на посветеноста на членовите на Македонија2025 кон Македонија и нашата заедничка визија за поубава иднина за децата – истакна претставник на Клубот на амбасадори.
„Клубот на амбасадори“ на Македонија2025 е мрежа на истакнати професионалци, визионери и лидери кои преку своите активности придонесуваат за економскиот и општествениот развој на Македонија.