ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ НА – 4 ВО АПРИЛ Ќе дува силен ветер, ќе провејува снег

564

Засилен северен ветер ќе дува во текот на денот, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег, информираат од УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со температури под просекот за овој период од годината.






Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

 

 

 

 

Поврзани содржини