ЌЕ СЕ РАЗБОЛАТ МНОГУ ДЕЦА Немаме услови за настава со физичко присуство

Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката, недозволиво, предупредува матичниот лекар Ненад Лазаров.

2,564

Новата учебна година од септември ќе се одвива со физичко присуство на децата, но според матичниот лекар Ненад Лазаров, ваквата одлука е погрешна.

„Согласно моменталните услови, да започне училишна година со физичко присуство немаме апсолутно ниту здравствен ниту капацитет на образовниот систем. Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката, недозволиво. Систематски прегледи не сме способни да направиме да течат на децата, а не друго нешто“, напиша Лазаров на Фејсбук.

Поврзани содржини