ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ ВО МАГЛА Утро во минус, пријатен и сончев ден

Најниската утринска температура ќе се спушти до -6, а највисоката дневна ќе се искачи до 20 степени.

257

Утрото ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.






Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје утрото ќе биде постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во текот на новата работа седмица времето ќе биде претежно сончево со студени утра и минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Најниската утринска температура ќе се спушти до -6, а највисоката дневна ќе се искачи до 20 степени.

Поврзани содржини