Ќе се проширува автопатот Тетово – Гостивар

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува следната година да почнат работите.

1,361

Оваа година започнуваме со постапка за  изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово.

– Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение – рече Бочварски.






Тој очекува следната година  да започне пробивање на новата траса на автопатот.

 

 

Поврзани содржини