Ќе се прави скрининг на населението во Дебар за да се процени имунитетот

800

Министерството за здравство ќе спроведе скрининг на населението во Дебар за да се добие претстава за стекнатиот имунитет во овој крај, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Добивме донација до 20.000 тестови за скрининг на антитела. Ќе направиме скрининг на 20%-30% од вкупното население во местата каде имаше рестрикација на движењето и пред да се воведе кризната состојба за да се процени имунитетот. Тоа ќе биде одличен пример што би можеле да очекуваме на ниво на целата држава кога ќе одлучиме да направиме таков скрининг на населението согласно текот на епидемиолошката крива – рече Филипче.






Тој најави дека во текот на неделава ќе се стават во функција лабораториите на МАНУ и на Судска медицина.

– Со тоа бројот на тестирање ќе се зголеми за 50-100% и со тоа ќе се елиминира долгото чекање на резултати – додаде Филипче.

Ќе се направи и распоред за делење на донацијата од милион маски од Чешка кои ќе бидат дистрибуирани во сите установи согласно потребите. Кон крајот на неделава ќе стаса и помошта од заштитна опрема од САД која ќе биде соодветно дистрибуирана и ќе бидат надополнети резервите на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа починаа 4 лица кои развиле тешка форма на болеста. На Инфективната клиника се хоспитализарани 68 лица од кои 8 се на механичка вентилација. Се доопремува мобилната болница и за два дена таа ќе биде ставена во функција. Триесет и едно лице се хоспитализарни во „8 Септември“ од кои 6 се на респираторна машина.

Поврзани содржини