ЌЕ СЕ ПРАВИ ОБДУКЦИЈА НА УБИЕНИОТ ВО БЛАЦЕ Пожарот во кафулето во Чаир бил подметнат

217

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.

При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител дал насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази.






Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР. Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.

 

ПОЖАР ВО КАФУЛЕТО „БАРОН“ ВО ЧАИР, ДАЛИ Е ПОВРЗАН СО УБИСТВОТО ВО БЛАЦЕ? Синот на убиениот бил член на криминалната група со истото име

 

СВИРЕПО УБИСТВО КАЈ ГОРНО БЛАЦЕ 56-годишник изрешетан со автоматско оружје

Поврзани содржини