ЌЕ СЕ ПОТРУДИМЕ УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА ДА ГИ ПРИМИМЕ ВО МАРИУПОЛ Украинската музика го освојува светот

Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран, наведе украинскиот претседател Зеленски.

573

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по победата на Украина на Евровизија на Фејсбук објави: „Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа“.

– Третпат во својата историја, и верувам дека не е последен. Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран – наведе Зеленски.






Тој му се заблагодари на Калуш Окрест за нивната победа и на сите што гласаа за Украина.

– Сигурен сум дека не е далеку нашиот победнички хор во борбата против непријателот. Слава на Украина – напиша Зеленски на Фејсбук.

На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“.

Поврзани содржини