ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 37 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНСУЛИН, ГЛУКАГОН, ИГЛИ И ЗА ЛЕНТИ Владата одобри пари за периодот до април 2027 година

Средствата е предвидено да се исплаќаат од Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија, со точно утврдена динамика на плаќање. Владата останува посветена на унапредување и грижа за здравјето на сите граѓани, се вели во соопштението од извршната власт.

213

Владата на денешната 73. редовна седница ја усвои информацијата за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025-април 2027 година во износ од 2.319.311.828 денари (37 милиони евра со вклучен ДДВ.

Од овие пари, 1.854.864.916 денари се потребни за инсулинска терапија и 464.446.912 денари се за инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија.






„Средствата е предвидено да се исплаќаат од Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија, со точно утврдена динамика на плаќање. Владата останува посветена на унапредување и грижа за здравјето на сите граѓани“, се вели во соопштението од Владата.

Поврзани содржини