Ќе се постават енергетско-ефикасни фасади на згради во Центар
Деновиве ќе биде распишан тендер за реконструкција на фасада на станбен објект на улицата Аминта Трети бр.3. а во тек е постапка за реконструкција и на фасада на станбен објект на улицата Мирослав Крлежа бр. 36.
Општина Центар продолжува да го реализира проектот за реконструкција на фасадите на зградите со енергетско ефикасни во рамки на Јавен повик од 2018 година, за пријавување на
заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар, за
реконструкција на фасади на колективни станбени згради.
Деновиве ќе биде распишан тендер за реконструкција на фасада на станбен објект на улицата Аминта Трети бр.3. а во тек е постапка за реконструкција на фасада на станбен објект на улицата Мирослав Крлежа бр. 36.
„Проектот е финансиски поддржан од Буџетот на општината во висина од 70 проценти од вкупниот износ на вредноста за реконструкција на енергетски-ефикасна фасада на станбена зграда за колективно домување од страна на заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда“ соопшти општината.
Досега се одобрени проектите за 26 станбени објекти врз основа на претходно исполнети услови и критериуми.
Реконструкцијата на фасадата опфаќа обнова на нова термичка фасада, а сопствениците на посебни делови преку кредитирање ги обезбедуваат преостанатите финансиски средства во висина од 30 проценти од вкупниот износ од вредноста на енергетско-ефикасната фасада. Старата и дотраена фасадна столарија, станарите имаат обврска да ја заменат пред започнување на реконструкцијата и градежните активности.
Новите фасади, истакнуваат од општината, ќе го задржат автентичниот изглед на зградите, а станарите ќе добијат нова енергетско-ефикасна фасада, која ќе им овозможи поквалитетен живот и финансиска заштета на семејниот буџет. За овој проект општината има одвоено 10 милиони денари од Буџетот на Општина Центар.