ЌЕ СЕ ПОПРАВААТ УРЕДИТЕ И ПО ИСТЕКОТ НА ГАРАНТНИОТ РОК? Европската комисија предлага нови правила

Комисијата смета дека со овој предлог ќе се зголеми бројот на услуги за поправка, а од друга страна ќе се мотивираат производителите да прават поквалитетни уреди.

247

Европската комисија предлага продолжување на роковите за поправка на расипани производи и по истекување на гарантниот рок, со цел во иднина да се воведе ваква обврска и за производителите. Според новите правила, се предлага да се воведе и европски стандард за квалитетот на поправки на уредите.

Главна цел на предлогот е потрошувачите да заштедат пари, но и да се создава помалку електронски отпад, а производителите да имаат обврска да ги поправаат производите надвор од гарантниот рок.






Комисијата смета дека со овој предлог ќе се зголеми бројот на услуги за поправка, а од друга страна ќе се мотивираат производителите да прават поквалитетни уреди.

Како што е наведено во предлогот, повеќе производи треба да се поправат во рамките на законската гаранција, но дека потрошувачите имаат право да ги поправаат уредите што не функционираат како правосмукалки, телефони или таблети и по истекот на гаранцијата. Продавачите ќе треба да понудат можност за поправка за време на приговорот, освен во случај кога е поскапо од замената.

Покрај законската гаранција, на овој начин потрошувачите добиваат неколку нови права со кои поправката на уредот ќе биде едноставна опција. Затоа, производителите се обврзани да ги информираат клиентите во кои случаи се обврзани сами да ги поправат уредите.

Според предлогот, се востановува и платформа која на клиентите ќе им го олесни поврзувањето со сервисерите, а се воведува и формулар со информации за поправка што клиентите ќе го добијат од кој било сервисер.

Поврзани содржини