Ќе се поправаат и санираат 13 покрив и 12 лифтови во Центар

Општината покрива 30 отсто од износот потребен за поправка на покривите и лифтовите.

461

Општина Центар одобри проекти за поправка на вкупно 25 покриви и лифтови во зградите. Проектите се избрани на јавен повик.

Како што соопштија од општината Проектот е поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици.






Избрани проекти:

Поправка и санација на постоечки лифтови

  1. Бул. ВМРО 1/7
  2. Ул.Вељко Влаховиќ (Димитрије Чуповски) бр.21
  3. Бул. Кочо Рацин бр.26
  4. Ул. Народен фронт бр.33
  5. Ул. Св.Кирил и Методиј бр.20
  6. Ул. 11-ти Октоври бр.16
  7. Бул. Илинден бр.83/13
  8. Ул. 11-ти Октомври бр.18
  9. Ул. Васил Ѓоргов бр.24
  10. Ул. Народен Фронт бр.23/1
  11. Бул. Партизански одреди бр.14/1
  12. Ул.50-та Девизија бр.34 влез 2

Поправка и санација на постоечки покриви

  1. Бул. Кочо Рацин бр.26
  2. Ул. Даме Груев бр.3 влез 6
  3. Ул. Козара бр.64 влез2
  4. Ул. 11-ти Октомври бр.44 влез2
  5. Ул. Народен Фрот бр.13
  6. Ул. Киро Крстевски Платник бр.11 влез 1 и влез2
  7. Ул. Климент Охродски бр.13
  8. Ул. Франклин Рузвелт бр.72
  9. Ул. Васил Ѓоргов бр.24
  10. Ул. Народен Фронт бр.31
  11. Ул. Шумадиска бр.16а
  12. Ул. Антонио Грубишиќ бр.11/1
  13.   Бул. Климент Охридски

Во изминатите три години со проектот за поправка и санација на покриви и лифтови се санирани 53 станбени објекти

Поврзани содржини