Ќе се подготвуваат законски измени за легализација на марихуана за лична употреба

На тоа ќе работи работна група во која ќе членуваат институции, здруженија и граѓански организации.

513

Владата ќе го менува законот за легализација на канабисот. На тоа ќе работи работна група во која ќе членуваат институции, здруженија и граѓански организации.

– Работната група за цел ќе има да се фокусира на следните прашања: декриминализација и легализација на поседување на канабис за лична употреба, декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба, разгледување можности за основање и работење на социјални клубови, зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис, основање на Агенција за канабис и формирање Фонд од давачките, односно даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат кон државата – информира денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа

Поврзани содржини