ЧЕКОРИМЕ КОН МУЛТИПОЛАРЕН СВЕТ Трговските зони ќе бидат поделени на рубља, долар, јуан и криптовалути

Сè започна во 1956 година, кога советските тенкови влегоа во Унгарија, настан кој се смета за преседан во економијата. Конфликтот направи банкарите да ги претпочитаат евродоларите. Што се евродолари? Тоа се сите депозити на долари кои се чуваат надвор од САД, а најмногу во Европа. Всушност, Америка нема контрола и директен пристап до тие пари.

1,454

Војната во Украина ќе доведе до „деглобализација“ и свет поделен на економски зони. Но, рано е да се радуваме дека јуанот би можел да стане новата резервна валута, пишува Економист. Наместо тоа, Кина и Русија би можеле да воведат свои трговски правила и рути и да го сменат фактот што засега банките во светот надвор од САД имаат најмногу резерви во долари, околу 17 трилиони, што е двојно повеќе од сите други валути заедно. Но, од лани, една од пет зделки веќе не е во долари, а валутата падна од 71 на 59 отсто во светските трезори.

Накратко, според анализата на професорот Бери Ајхенгрин од Универзитетот во Беркли, светот нема да има една резервна валута бидејќи условите за ликвидна, флексибилна и правна економија Кина и Русија сè уште не ги поседуваат. Треба време за да се изгради довербата во нова валута. Освен тоа, јуанот сочинува само околу четвртина од светскиот пазар, додека австралиските и канадските долари, за споредба, сочинуваат 43 отсто.






Валутите на Данска, Норвешка, Јужна Кореја и Шведска котираат со 23 отсто. Работите што ги обединуваат тие различни помали валути се јасни: сите се флуктуирачки и издадени од земји со релативно или целосно отворени капитални сметки и управувани од доверливи политички системи. Според Ајхенгрин, битно е да верувате дека земјата која ја издава валутата има отворен политички систем.

Таквата доверба попрво би ја добиле криптовалутите, особено оние криптовалути кои самите земји и нивните централни банки во иднина ќе ги издаваат.

Една грешка на Русите го направи доларот доминантен во 56-та

Но, за да видиме како би можел да падне прво треба да се види зошто доларот стана толку моќен. Сè започна во 1956 година, кога советските тенкови влегоа во Унгарија, настан кој се смета за преседан во економијата. Конфликтот направи банкарите да ги претпочитаат евродоларите. Што се евродолари? Тоа се сите депозити на долари кои се чуваат надвор од САД, а најмногу во Европа. Всушност, Америка нема контрола или достап до тие пари.

Доларите да бидат што понадвор од Америка

Значи, желбата доларите да се задржат надвор од Америка ја направи зелената банкнота вредна. Доволно вредна да во нејзе се чуваат и менуваат другите валути. Системот функционира до започнување на некоја војна или конфликт, на пример, како тековната војна во Украина. САД индиректно ги забранија трансакциите со долари на Русија, што претставува прв чекор во воведување трговски блокови.

Не е само тргувањето, туку и пресметувањето на вредност во долари

Сега засега, доларот е ликвиден, иако американската економија е соочена со предизвици. Но, се чини дека депозитите во евродолар не се единственото нешто што го прави доларот вистинска меѓународна валута. Повеќе од тоа, улогата на доларот како пресметковна единица, во фактурирањето на поголемиот дел од глобалната трговија, можеби е нејзината најголема област на доминација.

Според истражувањето објавено од ММФ во 2020 година, повеќе од половина од неамериканскиот и извозот надвор од ЕУе деноминиран во долари. На азиските пазари во развој и Латинска Америка уделот се зголемува на приближно 75 отсто и речиси 100 отсто, соодветно.

Прекуграничните плаќања

Друг столб на доминацијата на доларот е неговата улога во прекуграничните плаќања, како средство за размена. Уругвајскиот увозник може да му плати на извозник од Бангладеш со тоа што ќе го промени неговиот пезос во долари, а потоа ќе ги промени тие долари во својата домашна валута, наместо директно да ги конвертира валутите. Тоа е затоа што домашните валути се помалку ликвидни од доларот.

Криптовалутите го прават доларот излишен

Есвар Прасад од Универзитетот Корнел убедливо тврди дека алтернативните мрежи за плаќање, како што е кинескиот прекуграничен меѓубанкарски платен систем, може да ја поткопаат улогата на зелената банкнота. Тој, исто така, сугерира дека поголемата употреба на дигитални валути на крајот ќе ја намали потребата за доларот.

Криптовалутите развиени особено од централните банки (криптодолар, крипторубља …) би можеле да ја олеснат директната врска помеѓу националните платежни системи.

фото: твитер/принтскрин

Доларот и рубљата се караат, јуанот користи?

Додека пред извесно време Саудиска Арабија отворено размислуваше за продавање на нафта во јуани, наместо во долари, се случија и други две нешта. Доларот паѓаше поради големата инфлација во САД, а рубљата иако на почетокот од војната падна и до 40 отсто, сега скоро целосно закрепна благодарејќи на строгите економски мерки на Путин за практично затворање на руската економија и девизи, кои, иако само на кратко време, даваат некаков ефект.

Русија има одредени златни резерви и покрај тоа што над 60 милијарди евра на олигарсите се замрзнати поради западните санкции. Но, дали оваа битка меѓу доларот и рубљата е доволна за јуанот во блиска иднина да стане најбезбедната светска валута?

Поврзани содржини