ЌЕ СЕ ПЕРАТ ПЕРНИЦИ, ЌЕ СЕ СТЕРИЛИЗИРААТ ДУШЕЦИ Инфективната клиника ќе прави генералка, пациентите ќе се преселат во ГОБ „8 Септември“
Тројцата пациенти кои во моментов се лекуваат на клиниката ќе бидат на кратко префрлени во болницата „8 Септември“ и сите останати кои ќе имаат потреба од инфектолозите ќе бидат пренасочени во таа болница.
Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели зашто поради огромниот број пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот, изјави директорката на оваа клиника, д-р Милена Стевановиќ.
– Ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекција на душеци, перници, медицинскиот мебел, сѐ она што е простор, ѕидови и подови итн. Ќе се направат и некои диполнителни процедури кои ни се рутинска потреба која не можевме да ја направиме поради бројот на пациенти – рутинско проверување на противпожарните апарати, дополнување на сензорите за пожар, кои малку заостанаа во овој период. Ова ќе биде добредојдено и за персоналот кој две години конкутинуирано е под атакот на ковид-19, ќе биде добро сите ние да земеме малку душа. Но тоа што е главно е комплетно да ја подготвиме клиниката за евентуално нов бран и очекување пацинети – рече Стевановиќ за ТВ Телма.
Тројцата пациенти кои во моментов се лекуваат на клиниката ќе бидат на кратко префрлени во болницата „8 Септември“ и сите останати кои ќе имаат потреба од инфектолозите ќе бидат пренасочени во таа болница.