🎥 „ПОБЕДИВ, ЌЕ СЕ ОЖЕНИШ ЛИ СО МЕНЕ?“ Падна првото запросување на Олимпијадата во Париз

Наместо дијамантски прстен, атлетичарката употреби олимписка значка. И наместо да му ја стави на прстот, му ја закачи на маицата. Свршувачката ја прославија со бакнеж.

733

Алис Фино, француска тркачка, го собори европскиот женски рекорд на 3.000 метри со пречки, а потоа го запроси своето момче, шпанскиот триатлонец Бруно Мартинес Баргиела.

Откако го собори рекордот, Фино истрча на трибините, клекна на едно колено и го запроси Бруно.






Наместо дијамантски прстен, атлетичарката употреби олимписка значка. И наместо да му ја стави на прстот, му ја закачи на маицата. Свршувачката ја прославија со бакнеж.

Поврзани содржини