ЌЕ СЕ ОТСТРАНИ ИНТЕРВЈУТО НА ЛЕЈДИ ДИ ОД „КРУНА“? Принцот Вилијам има проблеми со петтата сезона од серијата (ВИДЕО)
Серијата „Круна“, ќе го рекреира во целост интервјуто и ќе ги врати Вилијам и Хари во траумите од детството. Иако веќе нема да се емитува на Би-Би-Си, остануваат контроверзите околу новинарот Мартин Башир и прашањето дали тој лажирал документи за да ја намами принцезата да излезе на телевизија, што потоа влијаеше на настаните кои доведоа до трагичната автомобилска несреќа.
Да се отстрани од серијата „Круна“ контроверзното интервју кое покојната принцеза Дајана го дала за Би-Би-Си побара нејзиниот син, принцот Вилијам, во време кога излегува петтата сезона, пишува Глорија. Вилијам на ова се спротивстави уште минатата година, а сега бара побара од јавната телевизија интервјуто никогаш повеќе да не се споменува или емитува.
Неговата желба ќе биде делумно исполнета: интервјуто ќе се отстрани од Би-Би-Си, но во серијата ќе биде рекреирано, што може да ги разгори неговите детски трауми.
Серијата „Круна“ во изминатите четири сезони се занимаваше со бројни ситуации во последните 50 години од кралското семејство, а со некои сцени славното семејство не беше баш среќно затоа што максимално ја нарушуваше приватноста. На пример, турбулентните неколку години од бракот на кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург, принцот Филип, бунтовничките испади на принцезата Маргарет, но и неверството и катастрофалната врска на принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана. А најлошото, се чини, допрва доаѓа …
„Бевме тројца во брак“: Чарлс, Камила и Дајана
Заплетот во петтата сезона сепак ќе го „носи“ врската помеѓу принцот Чарлс и Дајана, во која Камила, љубовта на Чарлс од нејзината младост, а денес неговата сопруга, била вклучена во годините на нивниот брак. Таа врска ќе биде столбот на петтата сезона, а ќе биде прикажано познатото интервју на Дајана со поранешниот новинар на Би-Би-Си, Мартин Башир.
Тогаш Дајана рече: „Ние бевме тројца во тој брак“, алудирајќи на долгорочната врска на Чарлс со Камила. Дури и 26 години подоцна, не престанува да се зборува за тоа, а принцот Вилијам ги презеде работите во свои раце, барајќи интервјуто никогаш повеќе да не се прикажува или спомнува, но Нетфликс одлучи да ги игнорира неговите барања и само делумно да ја прифати Би-Би-Си.
Интервјуто на Дајана довело до несреќата?
Тим Дејви, генерален директор на Би-Би-Си, оваа година рече дека контроверзното интервју никогаш повеќе нема да се емитува во целост, но Би-Би-Си ќе продолжи да користи некои негови делови во посебни прилики и контексти.
„Креаторите на „Круна“ гледаат на ова интервју како на клучен момент во петтата сезона. За сценаристите, бурниот брак меѓу Чарлс и Лејди Ди доведе до нејзиното интервју во Панорама, а последиците од таа одлука се одразија на последните месеци од нејзиниот живот“, рече анонимен извор за Дејли Мејл.
Веќе заладените односи на браќата, оваа ситуација дополнително ќе се влоши бидејќи Хари и Меган потпишаа договор вреден 112 милиони фунти со овој стриминг сервис, а Вилијам сега е во директен конфликт со нив.
Новинарот лажирал документи за да го направи интервјуто?
Што се однесува до новинарот „Башир“, тој во април годинава поднесе оставка од „Би-Би-Си“ од здравствени причини, а платата сè уште ја земаше до јули. Тој исто така поднесе оставка во 1999 година бидејќи сакаше да ја подигне својата кариера на следното ниво, а во 2016 година се врати на британската јавна телевизија како уредник на религиозна програма.
Имаше свиркачи кои уште во 1995 година истакнаа дека Башир фалсификувал документи и ширел лаги за кралското семејство за да ја убеди Дајана на интервју, но Би-Би-Си ги им даде откази и им ги уништи кариерите.
Некои сметаат дека новинарот Башир ги лажирал и банкарските сметки за кои велел дека се доказ оти кралската гарда ја шпионирала принцезата. Тие гласини можеби се причината што Дајана тогаш ги отпуштила сите вработени од гардата.