ЌЕ СЕ ОГРАНИЧИ КОЛКУ АНТИБИОТИЦИ МОЖАТ ДА ПРОПИШАТ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ Клековски најави и воведување е-рецепт
Мерка која Клековски очекува да стартува од идната година е и воведување на е-рецепт, систем за кој тој вели дека е веќе тестиран кај матични доктори и во аптеки. Освен контрола врз препишувањето поголеми количини лекови од потребното, целта на оваа мерка би била и лекарите да се заштитат од притисоци од пациенти за добивање одреден лек.
Фондот за здравствено осигурување планира повеќе мерки за ограничување на издавањето антибиотици од страна на матичните доктори, најави директорот на Фондот Сашо Клековски. Тој за новинарите откри дека лани во Македонија имало за 23% зголемено издавање на антибиотикот „сумамед“, кој инаку се користи како последна линија во лекувањето.
Истата мерка се предвидува и доклку се надминат квотите за пропишување на лекови анксиолитици.
Мерка која Клековски очекува да стартува од идната година е и воведување на е-рецепт, систем за кој тој вели дека е веќе тестиран кај матични доктори и во аптеки. Освен контрола врз пропишувањето поголеми количини лекови од потребното, целта на оваа мерка би била и лекарите да се заштитат од притисоци од пациенти за добивање одреден лек, без разлика дали е соодветен за нивната индикација.