ЌЕ СЕ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА КАНАБИС НА УШТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци

Поранешната Влада сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира канабис во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија, за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики, вели премиерот Христијан Мицкоски.

0

На уште неколку правни лица на следната владина седница ќе им бидат одземени лиценците за одгледување канабис, бидејќи не постапувале согласно закон, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало – рече Мицкоски во интервју на Сител, зборувајќи за запленетиот канабис од неколку фирми производители.






Се сеќавам, додаде Мицкоски, дел од поранешната Влада одеше и чекор понапред, па сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија.

– Таа развојна канабис стратегија на претходната Влада ќе има последици и во наредните 10 години. Јас сакам да упатам јасна порака до граѓаните, да бидат спокојни. Работата е под контрола. Исто како што улиците се исчистија од криминал, така доаѓа времето кога ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци кои оставиле голема трага во минатото, но за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики – рече Мицкоски.

Поврзани содржини