ЌЕ СЕ ОЦЕНУВА МЕДИЈАЦИЈАТА Јелисавета Георгиева Јовевска назначена за национален координатор

Националниот совет за медијација независно и самостојно ќе го обезбедува, следи и оценува квалитетот на работите во медијацијата.

209

Јелисавета Георгиева Јовевска е назначена за прв национален координатор за медијација. Таа е потпретседателка на Стопанската комора на Северна Македонија и претседателка на Асоцијацијата за медијација при Комората.

Со новиот Закон за медијација, кој стапи на сила на 4 јануари 2021 година, ќе има Национален совет за медијација, тело на Владата на Република Северна Македонија, кое независно и самостојно ќе го обезбедува, следи и оценува квалитетот на работите во медијацијата во рамки на надлежностите определени со законот.






Со Националниот совет за медијација ќе раководи националниот координатор за медијација, кој воедно и го застапува и претставува Советот, кој освен националниот координатор ќе брои плус четири члена и секретар.

 

Поврзани содржини