Ќе се намали ДДВ-то за занаетчиски и ресторантски услуги

589

Во четвртиот пакет на антикризни мерки ќе има намалување на ДДВ на занаетчиските услуги и производи од 18 на 5 отсто, најави денеска СДСМ.

– Во четвриот пакет антикризни мерки, обезбедена е и поддршка за занаетчиите. Со мерката наменета за занаетчиите се предвидува намалување на ДДВ на нивните услуги и производи од 18 на 5 отсто, со што ќе се зајакне нивната конкурентност на пазарот – изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.






На занаетчиите, односно на самостојните вршители на дејности, и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка, оваа нова поволност доаѓа само како надополнување.

– Новиот пакет антикризни мерки со цел полесно справување со последиците од коронавирусот, предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10 отсто наместо сегашната редовна, од 18 отсто. Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, преку неа ќе се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор – изјави Маркоска.

Поврзани содржини