ЌЕ СЕ НАБАВАТ 100 ЕКОАВТОБУСИ И 50 ПОЛНАЧИ, ДЕЛ ОД ДОГОВОРОТ СО УНГАРИЈА Ѓорѓиевски му заблагодари на Мицкоски за поддршката

Според Ѓорѓиевски, набавката на 100 екоавтобуси станува реалност со помош на одлука на владата. Во објава на Фејсбук градоначалникот му заблагодари на Мицкоски за, како што вели, безрезервната поддршка и за посветеноста кон граѓаните каква што одамна не сме виделе.

623

Одлуката на Град Скопје да му бидат доделени 100 екоавтобуси и 50 полначи е дел од стратешкиот договор на македонската влада со владата на Унгарија, како што истакна и премиерот Христијан Мицкоски, пишува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, набавката на 100 екоавтобуси станува реалност со помош на одлука на владата. Во објава на Фејсбук градоначалникот му заблагодари на Мицкоски за, како што вели, безрезервната поддршка и за посветеноста кон граѓаните каква што одамна не сме виделе.






„Во услови на тежок колапс во кој го наследивме Скопје, без неговата поддршка ништо од ова немаше да биде возможно. Мои скопјани, повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, заедно ќе го живееме!“, пишува Ѓорѓиевски велејќи дека пред нас се тектонски промени кон подобро.

Градоначалникот најави дека наскоро започнува набавката на екоавтобусите. Исто така најави дека до крајот на годината ќе бидат набавени и новите возила за Комунална хигиена.

„Проблемот што со години ве боли и што најчесто ми го посочувавте, проблемот со јавниот превоз, наскоро заминува во историјата. Свесен за тежината на предизвиците, ја прифатив оваа одговорност за да ги погледнеме проблемите во очи и заедно да ги решиме“.

Градоначалникот потсетува дека ова е чекор што, како што тој вели, ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз и, нешто што им го должиме на нашите деца и на идните генерации.

Поврзани содржини