ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ЈОВАН И ЗА ПОА Преговорите течат, процесот на дискусии е започнат
Постои процес на дискусии и тој се одвива меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Начелно можам да кажам дека ќе се изнајде решение за Јован и за неговите соработници од ПОА, вели владиката Петар.
Начелно можам да кажам дека ќе се најде решение за Јован од ПОА и за неговите соработници. Немам ништо конкретно, ама постојат сериозни размислувања.
Ова за порталот МКД го изјавил митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во пресрет на утрешната заедничка литургија во Соборен храм во Скопје, а на која ќе земат учество српскиот патријарх Порфириј, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, како и архијереите на Православната охридска архиепископија.
– Постои процес на дискусии и тој се одвива меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Начелно можам да кажам дека ќе се изнајде решение за Јован и за неговите соработници од ПОА. Не можам сега конкретно да кажам, ама има само размислувања. Сите мисли се насочени кон Бога и кон утрешната заедничка богослужба со највисокиот врв на СПЦ. Добро се одвиваат подготовките за заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје и му се молиме на Бога сѐ да помине во најдобар ред – изјавил г. Петар.