ЌЕ СЕ МЕРИ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО КИСЕЛА ВОДА Поставена е мерна станица кај Домот на култура (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи.

464

Мерна станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на култура, информираше Општина Кисела Вода.

„Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за првпат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот. Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути. Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страни на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје“, се вели во соопштението.






Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи.

– Борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, ќе биде бескомпромисна – изјави тој.

Поврзани содржини