ЌЕ СЕ МЕРАТ ТЕШКИТЕ МЕТАЛИ ВО ВОЗДУХОТ, ВОДАТА И ВО ПОЧВАТА Централната лабораторија доби акредитација за 20 аналитички методи

Централната лабораторија на Министерството за животна средина доби четиригодишна акредитација, која опфаќа 20 аналитички методи, меѓу кои и мерење на бучавата во животната средина и анализа на отпадните води.

83

Со нова опрема и со нови технологии ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството.

Меџити информираше дека успешно е завршен процесот на реакредитација, при што лабораторијата доби нова четиригодишна акредитација, која опфаќа 20 аналитички методи, вклучително и мерење на бучавата во животната средина и анализа на отпадните води.






– Во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, лабораторијата е опремена со напреден уред ИЦП-МС во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој овозможува прецизна анализа на тешките метали во почвата, водата и во воздухот – нагласи Меџити.

Инсталацијата на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во текот на септември.

Минситерот  Меџити го оцени  овој чекор како значаен напредок кон зголемување на техничките капацитети и кон подобрување на квалитетот на еколошките податоци. Додаде дека во наредниот период лабораторијата ќе добие акредитација за нови методи, со што дополнително ќе се зајакнат нејзините капацитети.

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање е клучна институција во системот за заштита и управување со животната средина во земјава и служи како техничко и научно тело за исполнување на законските и на стратешките задачи за мониторинг на загадувањето и за заштита на еколошките компоненти.

Поврзани содржини