Ќе се изненадите со што денес се занимава холивудскиот убавец! ФОТО

1,027

Американскиот актер Адријан Грениер, кој јавноста го памети по улогата во серијата „Придружба“ и филмот „Ѓаволот носи Прада“, го смени стилот на животот.

Својот раскошен дом во Лос Анџелес го замени со фарма во Тексас и стана земјоделец.






Неговиот имот се наоѓа во градот Бастроп, недалеку од Остин.

– Го купив имотот во 2016 година, а во декември минатата година одлучив да се преселам. Остин е космополитски град во кој пронајдов пријатели, малку по малку оттука започнав да водам бизнис и се навикнав на животното темпо кое не толку бурно како во Лос Анџелес, па затоа одлуката за преселување беше очекувана – изјавил Адријан за списанието „Остин лајф “.

„Ми се допаѓа тоа што луѓето тука се подеднакво успешни како во Калифорнија, но тие не се фалат со тоа. Тексашаните веднаш ме прифатија“, додал тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)

На имотот заедно со неговата девојка Џордан Ромел одгледуваат праски, јаболка, смокви, а планираат и да создадат засолниште за дивите животни. Тој работи и на реконструкција на рибникот, затоа што сака да додаде риба на своето мени, а особено е горд и на својата органска градина.

Адријан тврди дека е активист за животната средина веќе 20 години и дека постојано им кажувал на луѓето дека треба да живеат во склад со природата. Поради тоа и го напуштил Холивуд.

– Постигнав професионален врв којшто не ме исполни. Работиш напорно за да бидеш славен и да заработиш многу пари, но кога ќе го направиш тоа, сфаќаш дека не е тоа вистинското. Не ми недостасува ништо од тој свет во кој сите глумат дека живеат среќно – заклучил актерот.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)

Поврзани содржини