Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром.
На ден 29 јуни (сабота) на улицата Борис Кидрич од крстосница со улицата Симеон Кавракиров до крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има изменет режим на сообраќај на наведените улици, информираат од изведувач на работите, компанијата „Гама градба“.