Ќе се гради поликлиника во Сарај, откако градоначалникот Беџети се закани со протести

Тој додаде дека веќе е договорено во понеделник да се одржи електронска аукција за избор на компанија со која ќе се заокружи постапката за јавна набавка.

972

Мораме да ја запреме иницијативата за излегување на протест, бидејќи по нашата заложба и разговори со релевантни институции, успеавме да издејствуваме изградба на поликлиника во нашата општина, напиша градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, на својот Фејсбук профил.

„Драги сограѓани на Сарај, јас од почеток го поддржав и го разбрав вашиот револт за доцнењето на реализацијата на проектот за изградба и пуштање во употреба на полинклиниката во Сарај, а поради таа причина јавно се изјаснив дека ќе излезам на протест заедно со сите вас. Но, денеска морам да ве повикам да ја запреме оваа иницијатива затоа што успеавме да издејствуваме финализирање на постапката за набавка, односно избор на компанија која ќе ја реализира изградбата на објектот“, напиша Беџети.






Тој додаде дека веќе е договорено во понеделник да се одржи електронска аукција за избор на компанија со која ќе се заокружи постапката за јавна набавка.

„Јас, како ваш градоначалник, и понатаму внимателно ќе го следам процесот и ќе ве информирам за нејзиниот тек. Со уверување дека наскоро ќе започнеме со изградба на овој витален објект во служба на нашите граѓани“, напиша Беџети.

Поврзани содржини