ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ САЕМСКИ КОМПЛЕКС ВО СКОПЈЕ Се разгледуваат можните локации за комплексот

Во периодот што следи подетално ќе се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.

131

Владата ја разгледува можноста за изградба нов саемски комплекс во Скопје. Денеска се одржа средба на директорот на службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски со претставници на „Скопски саем“ на која се посочени можните локации и инфраструктурни услови.

– Враќањето на „Скопски саем” во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар – изјави Томовски.






Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем”, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.

– Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата – додаде Глигоровска.

На средбата е договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.

 

Поврзани содржини