ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН КОН ГРЦИЈА Царината во јануари ги зголемила приходите за 322 милиони денари
Директорот на Царинската управа вели дека во изминатите месеци Царината со дисциплина и посветеност постигнала извонредни резултати во сузбивањето на криминалот.
Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки за 321,7 милиони денари во однос на истиот период во 2024 година, изјави директорот на Царинска управа Бобан Николовски.
Тој најави дека наскоро ќе почне да се гради новиот граничен премин кон Грција, Маркова Нога. Проектот се реализира со пари од Европската Унија како дел од проектот „ЕУ за Преспа“.
Николоски рече дека изминатите месеци Царината со дисциплина и посветеност постигнала извонредни резултати во сузбивањето на криминалот.
-Сузбиен е меѓународен канал за шверц на дрога, при што се запленети 188,6 килограми марихуана и две лица се лишени од слобода, а претходно Царинската управа откри и спречи организирана криминална мрежа со употребувани автомобили, за што поднесе кривични пријави за 32 лица до ОЈО за организиран криминал и корупција – изјави Николоски за телевизија 24.