ЌЕ СЕ ГРАДИ ФАБРИКА ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ И ВО ТЕТОВО Пиксел ГРУП и германска компанија во нов заеднички потфат

Германско-македонската инвестиција во слободната индустриска зона во Тетово ќе тежи 54 милиони евра.

638

Во слободната индустриска зона во Тетово ќе се отвори нова фабрика за производство на фотоволтаични панели. Компанијата АЕ-СОЛАР од Германија е сопственик на 60% од уделот, додека другите 40% потпаѓаат на Пиксел ГРУП од Македонија.

Фабриката ќе се протега на 50.000 квадратни метри. Производството е целосно автоматизирано, а предвидени се 200 вработувања.






Панелите кои ќе се произведуваат се Мулти-џанкшн (multi-junction), најнова технологија со 23% ефективност. Капацитетот на производство на панелите е 1GW/h.

Извршни директори се Илко Јоцев, претставник на германскиот инвеститор и Горан Паунов, сопственик на Пиксел ГРУП. Претседател на бордот на директори е др. Илија Насов.

Производството треба да започне во март следната година.

Поврзани содржини