ЌЕ СЕ ГРАДИ ФАБРИКА ЗА БАТЕРИИ ВО ШТИП Инвестицијата чини 36 милиони евра

Инвститорот е со потекло од Европската Унија.

266

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од есен се очекува да биде поставен камен темелник на новата инвестиција во индустриската зона во Штип. Како што напомена, станува збор за фабрика за батерии која ќе вработи до 150 луѓе и ќе инвестира околу 36 милиони евра.

Инвстицијата, како што рече тој, е со потекло од Европската Унија.






-Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, информиравме дека имаме нова инвестиција која е потврдена во индустриската зона во Штип, која во својот пик за три години од денеска ќе извезува 300 милиони евра, кои ќе влезат во БДП. Ова е веќе договорено со инвеститорот- рече Мицкоски.

Тој најави дека на есен би требало да се постави камен темелник, а веќе се потпишува договорот со Технолошко-индустриско развојните зони.

 

Поврзани содржини