ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД КОЧАНИ ДО ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ВО ДЕЛЧЕВО Проектирањето за делот Кочани – Виница е завршено

Мицкоски информира дека овој дел од патот ќе се финансира со пари од буџетот, а се бара финансирање за делот од Виница до Делчево за кои се разговара  и со Светска банка.

563

Премиерот Христијан Мицкоски  најави изградба на експресен пат што ќе ги поврзува Кочани и Виница, Делчево до граничниот премин.

Проектирањето, на првата делница од Кочани до Виница е завршено, а финансирањето ќе биде со сопствени средства.






-Доаѓаме за нови проетки во овој период од годината, за кои очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на општина Кочани. Овие проекти се дел од минатото за кои зборувавме исто како што е и оној капитален проект изградба на експресен пат којшто ќе ги поврзува Кочани со Виница, Делчево и граничен премин со Бугарија. Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено, а ќе се изведува со сопствени средства – рече Мицкоски, по почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани.

Мицкоски информира дека сега се бара финансирање за делот од Виница до Делчево за кои се разговара  и со Светска банка.

Поврзани содржини