ЌЕ СЕ ГРАДИ ДВОКОЛОСЕЧНА ПРУГА ПО КОЈА ЌЕ СЕ ВОЗИ 200 КМ НА ЧАС Ќе се исправаат кривини на постоечката пруга

Во моментов се вршат испитувања и тие студии ќе покажат колку од оваа траса ќе ја задржиме, каде ќе има простор кривините да се исправат, вели директорот на ЈП Железници инфраструктура, Синиша Ивановски.

0

Планот е да има две пруги на релација север-југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде што тоа е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората пруга ќе се гради колку што е можно поблиску до сегашната за што веќе се прават испитувања, вели директорот на ЈП Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

– Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга, но мораме да ја исправиме каде што има големи кривини. Големи брзини од преку 120 км и преку 160 км на час не може да се постигнат без исправање на кривините. Во моментов се вршат испитувања и тие студии ќе покажат колку од оваа траса ќе ја задржиме, каде ќе има простор кривините да се исправат. Втората компонета е колку што може поблиску до сегашната траса да биде изградена и втората линија. Затоа овие околу 200 км пруга би биле двоколосечен сообраќај, но нема да бидат како автопатите, на пример еден да оди во правец на Србија, друг во правец на Грција. Во управувањето на железничкиот собраќај има друг тип на управување на возовите, но нашата крајна цел е да има двоколосечна пруга за патнички сообраќај до 200 км на час и товарен до 120 км на час, како и да биде целосно електрифицирана. Токму во овој момент се прават физибилити студиите кои ќе покажат каде е најдоброда биде трасата на новата пруга, со тие исправување на старата пруга и паралелна до старата – вели Ивановски.






Тој истакнува дека изградбата би чинела околу 1,9 милијарди евра заедно со електрификација и сигнализација, а би се завршила за околу пет години.

 

Поврзани содржини