ЌЕ СЕ ГРАДАТ 755 СТАНОВИ Речиси половина од нив ќе бидат во Скопје

Од другите градови 120 станови ќе се градат во Крива Паланка, 76 во Охрид , 72 во Дојран и 71 стан во Штип.

3,596

Во септември градежните компании добиле 146 одобренија за градба на згради во кои  планираат да изградат 755 станови со вкупна корисна површина од  67.372 м2. Повеќе од 75 милиони евра ќе бидат инвестирани во нивната изградба.

Најмногу од становите ќе се градат во Скопје вкупно 290 од кои 185 ќе бидат во општина Центар, а 90 во Аеродром.






Од другите градови 120 станови ќе се градат во Крива Паланка, 76 станови во Охрид , 72 во Дојран и 71 стан во Штип.

Податоците покажуваат дека во Вардарскиот регион ќе се градат само 3 стана во Велес, а во пелагонискиот регион 4 стана од кое 3 се во Битола и 1 во Струга.

Државата во септември издала 90 одобренија во нискоградба, додека за реконструкции се издадени 60 одобренија.

Од вкупно 296 објекти, на 131 инвеститори се физички лица, а на 165 објекти деловни субјекти.

На ниво на држава во септември  вкупно се издадени 296 одобренија за градење, или за 9,2% помалку во однос минатиот септември.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 517 775 илјади денари, што е за 12,6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

 

Поврзани содржини