ЌЕ СЕ ГРАДАТ 2 НОВИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ВО КАРПОШ Ќе бидат згрижени уште 300 дечиња
Новите детски градинки ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило, и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности за дечињата во текот на нивниот престој.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Карпош Душко Весковски јајави изградба на две нови градинки и дека ќе ги прошири и реновира постоечките капацитети, со цел да се подобрат условите за вработените и за дечињата што се згрижени во нив.
– Новите детски градинки се предвидени на две локации – едната во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“. Двата објекти ќе бидат од по 1.480 квадратни метри, на два ката со можност за згрижување од 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места – информира Весковски.
Тој рече дека новите детски градинки ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило, и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности за дечињата во текот на нивниот престој.
– Реализацијата на овие проекти значително ќе го подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Децата се најважни. Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови
политики – рече Весковски.