ЌЕ СЕ ФОРМИРА РЕУСРСЕН ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ Помош во планирањето и во искористувањето на парите од меѓународните фондови
Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија, соопшти Владата.
Владата ќе формира ресурсен центар за поддршка на општините.
„На денешната седница на Владата на предлог на Министерство за локална самоуправа беше усвоена информацијата за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. За таа цел, Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи, преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка и Владата, претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе потпишат анекс 4 на Договорот за спроведување на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2. Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Македонија, преку обезбедување на специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот и на регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиско планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување на средства од меѓународни фондови“, се вели во соопштението од Владата по денешната седница.
Владата останува посветена на спроведувањето на своите политики и донесените одлуки во интерес на граѓаните и на државата, се додава во соопштението.